Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Не искористи напад за победа: Пелистер со второ реми во ЛШ

Објавено

на

foto:www.facebook.com/hceurofarmpelister

Ракометарите на Еурофарм Пелистер ремизираа со Фредериција (29:29) во средбата од осмото коло од групната фаза во Лигата на шампионите.

„Зелено-белите“ го добија истиот овој тим на гостински терен, па желбата и целта беше да се оствари уште еден триумф, но данскиот претставник се покажа како жилав противник, состав кој знае што сака и се чини ремито е најреален резултат за тоа што се случуваше во салата „Боро Чурлевски“ во Битола.

Гостите функционираа подобро во првиот дел и се изборија за предност од три гола на паузата (16:13). Ова дефинитивно го разбуди македонскиот шампион кој воден од публиката заигра на повисоко ниво во продолжението, се врати целосно во игра, во повеќе наврати имаше и минимална предност за да на крајот го има последниот напад за победа, ама истиот не беше искористен.

Радивојевиќ со 7 и Кузмановски со 5 гола беа најефикасни играчи кај Пелистер во дебито на новиот тренер Алонсо. Мартинусен на спротивната страна беше автор на 7 погодоци.

Во следното коло „фармацевтите“ гостуваат на Веспрем.

Standings provided by Sofascore
Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни