Поврзете се со нас

Боречки спортови

Не го премолче спектаклот во Абу Даби: И Конор се огласи по дуелот меѓу Хабиб и Гејтџи (Фото)

Објавено

на

Хабиб Нурмагомедов синоќа во Абу Даби против Џастин Гејтџи стигна до својата 29 УФЦ победа од исто толку појавувања во октагонот.

По борбата Нурмагомедов јасно најави дека става крај на својата боречка кариера и во легендите замина со перфектен скор 29-0. Една од победите кои најмногу ќе се паметат е онаа против ирскиот борец, Конор Мекгрегор кој и овој пат се јави со свој коментар преку социјалните мрежи.

Мекгрегор уште еднаш искажа почит и сочувство до Хабиб и најави дека тој за разлика од неговиот противник ќе продолжи понатаму.

– Добар настап. Јас ќе продолжам. Почит и сочувство кон твојот татко уште еднаш. Исто и за тебе и твоето семејство. Искрено твој, Мекгрегор, -напиша Конор на Твитер.

Ирскиот борец нема да има можност да му се реваншира на Хабиб по поразот кој му го нанесе пред околу две години во борба која крена голема фана во боречкиот свет.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни