Не го мрдаат од тронот: Боксерот со богатството господари со првото место на ,,Форбс” (Фото)

Mejveder-MekGregor

Заврши Мундијалот, почнаа трансферите и „Форбс“ реши да ја објави листата на најбогати спортисти за 2018 година, но интересно е што повторно не успеаа фудбалот да го бутне боксот од првото место.

Како по обичај на првото место е резервирано Флојд Мејведер со цифра од 285 милиони долари, а потоа следуват на 2.место Лео Меси со заработени 11о милиони и на 3. Место Роналдо со 108 милиони евра.

Потоа листата продолжува со Конор Мекгрегор со 99 милиони долари, а на 5.место е Нејмар со 90 милиони долари. Потоа следуваат кошаркарот на ЛА Лејкерс, Леброн Џејмс ,тенисерсот Роџер Федерер, кошаркарот на Голден Стејт Вориорс, Стеф Кари. Следен фудбалер на листата е играчот на Реал Мадрид, Герет Бејл и тоа дури на 35 место со 34 милиони долари.

Интересно е што на листата на ,,Форбс” преовладуваат спортистите од НБА, односно ги има дури 40 кошаркари според заработката.

FORBS

Facebook Коментари