Поврзете се со нас

Шпанија

Не го дава врвот на табелата: Џирона со маестрална акција до нова победа во Примера (ВИДЕО)

Објавено

на

foto:twitter.com/GironaFC

Тимот на Џирона се врати на лидерската позиција во шпанската Примера и тоа откако попладнево успешно го реши гостувањето во Галиција кај Селта Виго.

Избраниците на Мичел славеа на „Балидос“ со минимални 1-0 и тоа со една маестрална акција која беше изведена во првото полувреме. Фудбалерите на Џирона играа навистина атрактивен фудбал и доказ за тоа е 20 минута во која одиграа фантастично, ја изнесоа топката од својата половина, освоија простор и на крајот следеше завршница на Порту.

Со вкупно 55 бода малиот клуб од Каталонија е на првата позиција, односно има еден повеќе од Реал Мадрид и 11 плус во однос на третопласираната Барселона.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни