Поврзете се со нас

Свет

Не ги заборава своите корени: Арнаутовиќ емотивно се возбуди додека се интонираше српската химна (Видео)

Објавено

на

Марко Арнаутовиќ е роден во Виена и цела своја кариера ја мина како австриски репрезентативец, но напаѓачот на Интер не може да ги заборави своите корени.

Арнаутовиќ во повеќе наврати со многу емоции има зборувано за своето српско потекло, а сега кога дојде ред да игра против една од своите омилени репрезентации, искусниот голгетер доживеа многу емоции.

Искусниот напаѓач поединечно се поздрави со секој играч на Србија пред почетокот на пријателскиот меч во Виена, но потоа емотивно се потресе додека се интонираше химната „Боже правде“.

Фацијалните експресии на Арнаутовиќ јасно укажаа на тоа дека е максимално возбуден што ја слуша сррпската химна пред еден натпревар, а по крајот на истата си кажа молитва и се прекрсти.

Овие реакции на Арнаутовиќ не останаа незабележани од српската јавност, па голем број медиуми порачаа дека Аранутовиќ е и поголем Србин од дел од актуелните играчи кои се дел од репрезентацијата.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни