Не е загрижен за иднината на Аргентинецот: Бартомеу посочи уште колку време Меси ќе го носи дресот на Барселона

lionel-messi

Првиот човек на шпанскиот прволигаш Барселона, Хосеп Марија Бартомеу не е загрижен за иднината на Лионел Меси и обелодени уште колку време напаѓачот ќе остане на „Камп Ноу“.

Аргентинецот со години е клучен играч на Барселона, а од актуелниот договор има уште две години со тоа што во истиот има клаузула според која може бесплатно да си замине веќе следното лето. Меѓутоа без разлика на таа клаузула Бартомеу верува дека Меси и Барса се приказна која ќе продолжи да трае уште најмалку пет години.

-Сигурно ќе биде желба на сите страни, ако Меси се чувствува силен и амбициозен, да го продолжи овој договор на неодредено време. На крајот на краиштата, тој е што мора да одлучи. Toj тоа го заслужи, да одлучи кога ќе престане да игра фудбал. Ама како што кажа пред неклку недели, сака да ја заврши играчката кариера во Барселона. Во текот на следните две или три сезони, наш лидер ќе продолжи да биде Лео Меси. Нема сомнеж дека тој е сè уште млад, сè уште силен. Тој сè уште е амбициозен. Значи Меси ќе игра зо нас во наредните две, три, четири или пет години. Јас не се сомневам во тоа, -порача Бартомеу.

Facebook Коментари