Не е се во парите: Претседателот на Порто воодушевен од потегот на Касилјас!

porto-ikr

Португалскиот фудбалски великан Порто некаде на средината на сезоната излезе со разочарувачка вест дека нема да биде во можност да му го продолжи договорот на Икер Касилјас поради рестрикциите кои мора да се направат за да се испочитува Финансискиот фер плеј на УЕФА, но сепак, по крајот на сезоната, работите значително се променија и шпанскиот голман вчера стави потпис на нов договор.

Порто ја освои титулата во домашното првеснтво и еден од најзаслужните за тоа беше Касилјас кој имаше неколку спектакуларни одбрани во финишот од сезоната, но сепак она со што искусниот Икер ги воодушеви сите во клубот е начинот со кој покажа дека поважна му е фудбалската среќа од добиените пари. Претседателот на новиот португалски шампион открива дека Икер прифатил значително намалување на платата за да остане во Порто, потег кој сега делува незамисливо во оваа модерна ера на фудбалот, особено ако се знае дека Касилјас имал неколку примамливи понуди со кои добивал повеќе и од тоа што досега заработувал во Португалија.

– Сакавме Икер да продолжи, тој се чувствува добро тука и тоа беше и негова желба. За Жал, поради ситуацијата со рестрикциите, не можевме да си дозволиме да продолжи во условите кои ги имаше, но сепак постигнавме договор. Ја заврши сезоната како стартер, беше важен на клучните натпревари и откако тренерот порача дека сака да го задржи во тимот, се обидовме да ги доближиме ставовите. Не го доби тоа што го сакаше, но покажа огромна желба дао стане и постигнавме договор. Навистина многу сум среќен што остана, уште повеќе ако се знае дека имае понуди да оди во друг клуб за повеќе пари од тоа што оваа година го заработуваше тука. Тоа е доказ дека тој е фудбалски човек, се интегрираше и препозна во Порто, во фудбалскиот клуб и градот. Јас како претседателот на Порто сум горд што имам играч со неговата траекторија во нашиот тим, – истакнува Жорге Пинто да Коста, човекот кој е претседателот на Порто од 1982 година.

 

Facebook Коментари