Англија
Не е само Стерлинг: Тухел сака да купи уште една стандардна резерва на Гвардиола
Томас Тухел се активираше со повици до фудбалери кои сака да ги види во својот тим за новата сезона, и тоа веднаш откако доби гаранција од новиот газда дека на располагање има 200 милиони фунти за трансфери.
Наследникот на Роман Абрамович, Тод Боли планира да продолжи онаму кадешто застана Русинот, па за да се рестартира успешната етапа, мора да се носат големи засилувања кои ќе го направат тимот подобар од тоа што беше.
Челси има во план да донесе пет-шест големи засилувања по заминувањата на Ридигер, Кристенсен и Лукаку, а иако на врвот на листата е Рахим Стерлинг со кого Тухел веќе стапил во контакт, Германецот пикирал уште еден играч од актуелниот првак.
Германецот сака да ја искористи ситуацијата и да собере уште еден стандарден резервист на Пеп Гвардиола, кој би можел да има значајна улога во неговиот тим по празнината која настана во одбраната со Ридигер и Кристенсен.
Се работи за Натан Аке кој претходно во кариерата беше дел од Челси, а кој според „Телеграф“ со добри очи гледа на враќањето на „Стемфорд Бриџ“ каде ќе му биде ветена позначајна минутажа. Сепак, дефанзивецот на Сити не е „бомбата“ која ја подготвува Боли со Тухел, бидејќи гласините велат дека клубот подготвува и голема понуда до Јувентус за ангажман на Матијс Де Лихт.
-
Италијапред 15 часа
Капело ги критикуваше клучните играчи на Милан и испрати совет до управата на клубот
-
Англијапред 20 часа
Артета му испрати порака на Покетино по историската победа над Челси
-
Англијапред 17 часа
Роси има интересен предлог за тренер на Јунајтед: Тој е легенда и помогна да се изгради нивната култура
-
Англијапред 24 часа
Покетино по историскиот потоп од Арсенал: Не е фер да се употреби тој термин за моите играчи
-
АТПпред 23 часа
Надал: Рафа има шанса на Ролан Гарос само ако се повредат Ѓоковиќ, Алкарас и Синер
-
Германијапред 17 часа
Баерн преговара со искусно тренерско име: Тие ме контактираа…
-
НБАпред 22 часа
Дончиќ ги уништи Клиперси со својата најслаба точка, па ги „поздрави“ хејтерите (Видео)
-
Шпанијапред 14 часа
Чави имаше состанок со Лапорта, донесена е одлука за неговата иднина во Барселона