Поврзете се со нас

Англија

Не е само Солскјер, се тресе столчето и на Френк Лампард?

Објавено

на

Англиските медиуми пренесуваат дека актуелните резултати на Челси сериозно ја разнишале довербата која раководството на клубот ја има во актуелниот стратег, Френк Лампард.

Челси потроши најмногу пари од англиските премиерлигаши во летниот преоден рок, но и покрај тоа се уште не ги прикажува потребните партии кои му доликуваат на клуб од тоа реноме.

Како што доаѓаат лошите резултати, така и Роман Амбрамович почнал да го губи трпението со Френк Лампард на кого наводно му  е поставен ултиматум.

Челси ќе мора да ги подобри резултатите доколку младиот стратег сака да остане на клупата на клубот во кој ја имаше најголемата афирмација како врвен фудбалер.

Веќе почнаа да се споменуваат и имиња кои би можеле да го наследат Лампард на клупата на Челси, а прво име е италијанскиот стратег кој во моментов е без ангажман, Масимилијано Алегри.

Челси вечерва од 21:00 часот е домаќин на тимот на Севилја во натпревар од првото коло од Лигата на шампионите, а веќе во следното коло во Премиер лигата има тешко гостување кај Манчестер Јунајтед кој исто така лошо ја започна новата сезона во англискиот шампионат.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни