Поврзете се со нас

Англија

Не е само Роналдо: Фердинанд тврди дека уште еден играч е разочаран од Тен Хаг

Објавено

на

Кристијано Роналдо не доби ниту една минута на дербито против Манчестер Сити и Ерик Тен Хаг објасни дека го направил тоа за да го заштити Португалецот, кој според него ужива голема репутација за да биде дел од меч на кој тимот примил шест гола.

Холандскиот стручњак нагласи дека делувал заштитнички врз големата ѕвезда, но во неговите зборови не веруваат баш големите легенди на клубот, меѓу кои се Рој Кин и Рио Фердинанд.

Кин распали по Тен Хаг по поразот од Сити и порача дека се однесува потценувачки кон еден од најголемите играчи во историјата на фудбалот, но Фердинанд смета дека Кристијано не е единствениот кој е разочаран од новиот менаџер.

– Не е само Роналдо, Касемиро е уште еден кој седи на клупата и сигурно си мисли „Па јас освоив пет титули во Лигата на шампионите“! Касемиро е еден од најдобрите дефанзивни играчи за врска, ако не и најдобар.

– Засега не доби вистинска шанса од менаџерот и мислам дека со ова менаџирање, тој е во уште полоша состојба од кога дојде. Сигурен сум дека е разочаран и дека чувствува и непочитување. Сигурен сум дека не се задоволни со Роналдо што играат во Лига Европа, а не на најважните натпревари во Премиер лигата, – изјави Фердинанд.

За разлика од Кристијано, Касемиро вчера доби шанса во второто полувреме при резултат 4:1, заменувајќи го МекТоминеј во 60-та минута од мечот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни