Не е само Ракитиќ: Марота откри кој е играчот на Барса за кој Интер е сериозно загреан

bepe-marota

Бепе Марота вчера јасно стави до знаење дека нема да му ја држи затворена вратата на Лаутаро Мартинез доколку смета дека неговата иднина е надвор од „Џузепе Меаца“, а 24 часа подоцна, се огласи за една од темите кои можат да бидат доста актуелни во јануарскиот преоден рок.

Веќе на големо се шпекулира дека Иван Ракитиќ е мета број еден на актуелниот лидер во италијанското првенство, но Марота открива дека Интер е сериозно заинтересиран и за Артуро Видал кој доста често изразува незадоволство за тоа што не игра често во каталонскиот гигант.

– Артуро Видал е голем играч и тој е на нашата листа на потенцијални засилувања. Сепак, мислам дека има еден проблем. Тешко дека Барселона лесно ќе се откаже од него, но ќе видиме што ќе се случи, – изјави главниот оперативец на Интер.

Facebook Коментари