Поврзете се со нас

Италија

Не е само Рагник, во игра за тренерската позиција во Милан и поранешен фудбалер на клубот

Објавено

на

Голема е веројатноста од редовите на Милан по крајот на актуелната сезона, кога и да се случи тој, да му врачат отказ на сегашниот стратег на клубот, Стефано Пиоли.

Пиоли има договор со „росонерите“ до 2021 година, но мала е веројатноста дека тој ќе биде испочитуван до самиот крај.

Долго време во јавноста се шпекулира дека германскиот стратег, Ралф Рагник ќе биде нов предводник на клубот, а дека постојат контакти меѓу двете страни потврди и самиот Рагник.

„Калчомеркато“ пренесува дека за клупата на Милан се понудил и поранешниот играч на овој  клуб, Марк Ван Бомел.

Ван Бомел кој една сезона го носеше дресот на Милан нема големо искуство како тренер, го водеше само ПСВ една сезона, а беше отпуштен од клубот во декември 2019 година по слабите резултати.

Претходно работеше како помошник на Берт ван Марвијк во репрезентациите на Саудиска Арабија и Австралија.

Според „Калчомеркато“, Ван Бомел оставил добар впечаток при разговорот кој го имал со челниците на Милан и во овој клуб сериозно ќе размислат за него доколку преговорите со Рагник не вродат со плод.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни