Поврзете се со нас

Англија

Не е само Лукаку: Интер посакува уште еден играч на Челси

Објавено

на

Италијанскиот вицешампион Интер се очекува да има интересен трансфер период во кој ќе направи неколку промени се со цел за да изгради поконкурентен, поквалитетен состав со кој ќе може да го врати Скудетото во своите витрини, а секако во исто време одлично да се претстави во Лигата на шампионите.

Веќе подолго време се говори за враќање на Ромелу Лукаку на „Џузепе Меаца“ со тоа што ќе треба да се пронајде соодветна формула за да Белгиецот од Челси би се преселил во Интер. Најверојатна, најреална  опција е позајмица, ама останува да се види дали ќе може да се затвори оваа зделка меѓу двата клуба.

Интер во исто време е заинтересиран за уште еден играч на „сините“-тоа е Робин Лофтус Чик. „Газета Дело Спорт“ пренесува дека калчолигашот е спремен да го доведе Анличанецот на едногодишна позајмица затоа што премногу се за нив 17 милиони фунти кои премиерлигашот ги бара за Робин.

Лофтус-Чик би заработувал по 3 милиони фунти по сезона што е прифатливо за Интер. Ако ова се оствари тоа ќе биде трета позајмица за играчот од средината на теренот кој претходно беше во Кристал Палас и Фулам.

Некогашниот младински англиски репрезентативец има договор со Челси до 2024 година.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни