Поврзете се со нас

Европски првенства

Не е само Крос: Уште две германски легенди најавија повлекување од репрезентацијата

Објавено

на

Foto:x.com/DFB/Philipp Reinhard

Тони Крос вчера го одигра последниот меч во својата блескава кариера, но истиот му донесе голема тага и разочарување, бидејќи стана јасно дека ќе остан без титулата која му недостасуваше.

Легендарниот играч за врска направи кам-бек во репрезентацијата во обид да стигне до европската титула, но добар дел од неговите соиграчи од Реал му застанаа на патот, бидејќи Шпанија вчера беше победник во епското четвртфинале во Штутгарт.

Крос со голема трага се прости од репрезентацијата и го одигра последниот меч во кариерата, но како што стојат работите, вчерашниот може да биде последен во германскиот тим за уште две легенди.

Томас Милер и Илкај Гундоган порачаа дека најверојатно ја завршуваат својата етапа како германски репрезентативци, додека помалку сигурен е Мануел Нојер.

– Има огромни шанси ова да беше мојот последен меч на репрезентативно ниво. Ќе зборуваме, но реално ова може да биде мојот последен меч. Можеби најдобро решение е да се стави крај, – изјави Милер.

– Не можам да кажам веднаш по мечот, ќе мора да размислам. Ќе ми бидат потребни неколку дена, а потоа ќе донесам конечна одлука, – изјави капитенот Гундоган.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни