Поврзете се со нас

Свет

Не е само клучната одбрана во финишот: Страшниот податок за Нојер од мечот против Севилја (Фото)

Објавено

на

Мануел Нојер е вистински господар на голот и клучен играч на Баерн Минхен на најважните натпревари, а тоа го докажа и изминатава вечер во која во два наврати го спасуваше својот тим.

Баерн во најголем дел од мечот беше подобар тим и создаде далеку повеќе шанси за погодоци, но сепак, Нојер беше најдобар кога беше најпотребно, односно кога баварците беа блиску до голема казна за своите нереализирани шанси.

Ен Несири излезе сам пред голот по една контра во 87-та минута, а тогаш Нојер го презентираше истиот квалитет од финалето во Лигата на шампионите, извлекувајќи клучна одбрана кога речиси сите ја видоа топката зад неговиот грб. Нојер го остави својот тим во игра и обезбеди продолженија, а на почетокот на истите, одново изрежира бравура на голот, реагирајќи во последен момент пред топката да заврши во дирекот.

Наспроти одлучувачките потези пред својот гол, германскиот чувар на мрежата изминатава вечер уште еднаш демонстрираше дека е најдобар голман во светот кога е во врвна форма, а со каква самодоверба игра во овој момент најдобро ни отсликува страшниот податок по крајот на мечот.

Нојер имал дури 52 точни и комплетирани пасови изминатава вечер, повеќе од било кој играч од противничкиот тим, бидејќи ниту еден фудбалер на Севилја не надминал 36 додавања. Исто така, за време на средбата, голманот на Баерн имал 75 допири со топката, само осум помалку од Хесус Навас кој е единствениот играч на Севилја кој повеќе ја допрел топката од него.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни