Англија
Не е само Камбијасо: Сити сака да ангажира уште еден играч на Јувентус

Последните неколку денови се појавија шпекулации дека Манчестер Сити ќе испрати богата понуда до Јувентус за Андреа Камбијасо, но очигледно Пеп Гвардиола е решен да ангажира двајца фудбалери на италијанскиот состав.
Во ситуација кога англискиот првак по секоја цена сака да ги освежи сите редови во екипата уште во јануари, за Камбијасо е предвидена инвестиција од околу 65 милиони евра, додека на радарот на Сити сега е и Даглас Луиз.
Бразилецот не се прослави откако пристигна во Торино и во првата сезона или е повреден или не импресионира со настапите во тимот на Тиаго Мота, а фановите се незадоволни пред се поради високата сума која беше платена за услугите на овој фудбалер.
Сега Сити би сакал да го врати Луиз во Премиер лигата, но наместо во Астон Вила, тој да биде освежување за средниот ред на шампионот и ќе настапува во лигата која ја познава многу подобро од италијанската.
Порталот „Атлетик“ тврди дека Сити првично не сакал целосен трансфер туку заем до крајот на сезоната, но Јувентус не планира да ослободи ваков играч без преземена обврска за купување од страна на премиерлигашот.
-
Лига на шампиони22 часа
Гвардиола и Анчелоти одбраа: Валверде почнува како десен бек за Реал, Пеп изненади со изборот за играч за врска (ФОТО)
-
Лига на шампиони23 часа
Агуеро си игра со оган: Ако Реал го победи Сити…
-
Англија22 часа
Сколс за премиерлигашката ѕвезда: Тој треба да оди во подобар и поголем клуб од Арсенал
-
Лига на шампиони18 часа
Фуриозна кралска завршница: Реал со пресврт до голема победа на „Итихад“ (ВИДЕО)
-
Лига на шампиони8 часа
Винисиус по МВП изданието: Морам да разговарам со Флорентино
-
Лига на шампиони7 часа
Навивачите на Сити открија дека зајадливата порака не била наменета за Винисиус, туку за друг член на Реал (Фото)
-
Италија6 часа
Пандев кратко го искоментира враќањето на Елмас во Серија А
-
Лига на шампиони18 часа
Куртоа: Заслуживме да победиме, ова е духот…