Поврзете се со нас

Македонија

Не е само Гаџа, Вардар си обезбеди потпис на уште еден играч од Загреб

Објавено

на

Хрватскиот ракометар од редовите на ППД Загреб, Анте Гаџа и официјално ќе биде нов играч на Вардар.

Тоа го потврди и самиот играч кој истакна дека понудата од европскиот шампион не можела да се одбие, па брзо ги демантираше најавите дека Загреб ќе го задржи во својот тим.

Него на пат за Скопје ќе го следи и младиот десен бек Јосип Векиќ за кого во Хрватска предвидуваат блескава иднина.

Векиќ засега е втор ракометар кој доаѓа на десната бековска позиција во Вардар, по Томислав Јагуриновски, но се очекува скопскиот тим да донесе уште еден играч на оваа позиција.

Што се однесува до играчот, првата полусезона ја помина во Загреб, за потоа да игра како позајмен играч во хрватскиот тим Дубрава.

22 годишниот Векиќ потекнува од добро познатата ракомента школа Метковиќ чии играчи порано беа и Ивано Балиќ, Блаженко Лацковиќ и Петар Метличиќ.

Векиќ беше вклучен и во репрезентацијата и се најде на поширокиот список пред Европското првенство во Австрија, Шведска и Норвешка.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни