Поврзете се со нас

АТП

Не е ниту Ѓоковиќ, ниту Алкарас: Поранешен финалист на АО прогнозираше кој ќе ја освои титулата во Мелбурн

Објавено

на

foto:www.megastyleapartments.com.au/

Пред нас се најважните натпревари на Аустралијан Опен, првиот грен слем во оваа календарска 2024 година.

За многумина Новак Ѓоковиќ како прв носител, прв светски рекет и бранител на пехарот е прв фаворит за славје во Мелбурн, а како негов најголем противник го сметаат Карлос Алкарас.

Меѓутоа поранешниот финалист на овој турнир, Арно Клемен има друг став околу тоа кој може да слави во Австралија, поточно неговиот избор е Јаник Синер кој одигра фантастично во вториот дел од минатата сезона, форма која ја продолжи и во 2024 година со оглед на тоа што тој забележа четири сигурни победи на досегашниот дел од турнирот.

-Тој напредуваше во последните шест месеци. Се подобри во многу работи, на мрежа, сервис. Од основната линија имаме впечаток дека погодува повеќе од порано.

-Минатата година зборувавме за Ѓоковиќ и Алкарас, сега дури се прашуваме дали тој го зазема местото на Алкарас. Мислам дека ќе ја освои АО оваа година. Доколку го победи Ѓоковиќ во потенцијално полуфинале, би бил фаворит во финалето против Алкарас, поради нивото на игра што го прикажа во последните неколку месеци, -смета Французинот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни