Поврзете се со нас

Американски спортови

Не е готово: Брејди се уште нема донесено конечна одлука за заминување во пензија

Објавено

на

Легендарниот Том Брејди е во фокусот на американската и пошироката спортска јавност, а причината за тоа е најавата на дел од новинарите, медиумските куќи дека одлучил да и стави крај на блескавата кариера.

НФЛ останува без својот симбол: Брејди заминува во пензија со рекордни седум титули

НФЛ ѕвездата има 44 години и постојано се говори за тоа до кога ќе игра, односно дали ја има потребната жар, став да се носи со помладите колеги. Вестите беа дека тој се решил да ја заврши приказната, но по се изгледа ќе мораме да почекаме самиот да се огласи за да се затвори оваа тема.

Имено Том го известил генералниот менаџер на Тампа Беј Џејсон Лихт дека се уште не е сигурен дали ќе се пензионира или ќе игра во 2022 година, а ова потоа го потврди и таткото на човекот кој има неверојатни седум шампионски прстени.

-Целата приказна е целосна претпоставка. Томи нема донесено конечна одлука, секој кој ќе каже дека тоа го има направено, не е во право, -порачал Брејди сениор.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни