Не дава да го снимаат: Нервозна ѕвезда на Јута беше исклучена, па на патот до соблекувалната скрши мобилен телефон на навивач (Видео)

hud

Средбата во американската престолнина меѓу Вашингтон Визардс и Јута Џез заврши со победа на гостите од 107-104, но оваа средба донесе и една необична ситуација за која се погрижи гостинскиот играч Родни Худ.

Тој мораше предвреме да го напушти теренот откако ја доби и втората техничка грешка, а на патот до соблекувалната направи уште една глупост поради која најверојатно неговиот џеб ќе биде олеснет од НБА лигата.

Имено нервозниот Худ му го турна од рака мобилниот телефон на еден навивач кој сакаше да сними фотографија или видео. Поради конфронтација со фановите во оваа сезона тројца играчи беа казнети со 25.000 долари и тоа Кајри Ирвинг, ДеМаркус Казнс и Остин Риверс.

Facebook Коментари