Не беше добар за Ајакс и Арсенал, сега растура во ПСВ: 20 годишен фудбалер постигна пет погодоци на еден натпревар (Видео)

donjelmalen

Тимот на ПСВ ос убедливи 5:0 славеше над тимот на Витезе, а она што го обележа овој натпревар е фактот што сите пет погодоци беа постигнати од ист играч.

Станува збор за 20 годишниот Донјел Мален кој пред две сезони пристигна во ПСВ од редовите на Арсенал.

Младиот фудбалер потекнува од школата на Ајакс од каде се пресели во Арсенал. Сепак во Лондон му беше кажано дека за него нема да има место во првиот тим на „топчиите“ што на крај може да испадне како катастрофален потег.

Мален постигна три погодоци од игра и два од пенал и веќе ситгна до бројката од девет погодоци во сите натпреварувања оваа сезона.

Фудбалерот веќе дебитираше и за сениорската репрезентација на Холандија на натпреварите против Германија и Естонија.

Инаку тоа што го направи против Витезе му успеало само уште на двајца фудбалери на ПСВ во историјата и тоа Коен Дилен во 1959 година и Берт Теунисен во 1964 година.

Facebook Коментари