Поврзете се со нас

АТП

Не барајте пооткачен поен: Бублик ја режираше лудоријата на годината, противникот му се поклони (Видео)

Објавено

на

Завршното сценарио од олимпискиот турнир во Париз не ги остави рамнодушни големите тениски фанови, но возбудувањата не застануваат тука, бидејќи сега пред нас е периодот во кој тенисерите се подготвуваат за последниот грен слем турнир.

Загревањето за Ју-Ес Опен започна со Мастерсот во Монтреал на кој не се пријавени големи имиња како Новак Ѓоковиќ и Карлос Алкарас, но затоа фановите ќе можат да уживаат во мајсториите на другите елитни тенисери.

Првото коло веќе стартуваше и најинтересен меч во оваа рунда беше оној меѓу Александер Бублик и Бен Шелтон, дуел кој на крајот му припадна на Американецот.

Шелтон славеше со 2:0, но начинот на кој го освои последниот поен направи овој меч да стане вирален хит.

Бублик го изведе најоткачениот и најлуд поотег во 2024-та година, бидејќи успеа да го фрли рекетот и така да го префрли топчето во противничкото поле. Иако успеа во својата намера, Казахстанецот остана без поенот бидејќи рекетот заврши во мрежа, но тоа не го спречи Шелтон да му се поклони на својот ривал за лудоријата која ја режираше.

Реклама
Реклама

Италија

Реклама

Популарни