НБА Топ 5: Розир со експлозивно забивање го засени Леброн (Видео)

Составот на Бостон Селтикс излезе како победник и во втората битка со Кливленд Кавалирс во финалето на Истокот иако најголемата ѕвезда на клубот од Охајо, Леброн Џејмс реализираше трипл-дабл од 42 поени, 10 скокови и 12 асистенции.

Токму и најдобриот потег на денот доаѓа од победничката екипа, а истиот е во режија на плејмејкерот Тери Розир. Тој покажа колку е добар, моќен и може супер атрактивно да завршува акции, контри ако е тоа потребно, па макар зад својот грб го има и Џејмс.

Уживајте во овој и останатите четири моменти кои беа избрани за најдобри.

Facebook Коментари