Поврзете се со нас

НБА

НБА Топ 10: Неверојатен кош на Кари, Лилард „без коски“ за победа, Зајон ја разби одбраната и обрачот на „биковите“ (ВИДЕО)

Објавено

на

blank

Десет натпревари донесе најновата програма во НБА лигата, а најдраматично беше во Филаделфија каде домаќините по дополнителните минути славеа над Јута Џез со 131-123.

Од останатите дуели вреди да се издвои новиот пораз на шампионот ЛА Лејкерс и тоа од Сакраменто Кинг, драматичното славје на Портланд над Голден Стејт како и триумфот на Бруклин Нетс над Хјустон Рокетс и тоа во враќањето на Харден во „Тојата Центарот“ со трипл-дабл учинок.

Овие средби донесоа супер потези, па во продолжение погледнете ги мајстории на Кари, Лилард, Ембид, но и најдобриот момент кој е дело на младата ѕвезда на Њу Орлеанс, Зајон Вилијамсон.

Резултати:

Кливленд – Индијана 111:114
Филаделфија – Јута 131:123
Торонто – Детроит 105:129
Хјустон – Бруклин 114:132
Минесота – Шарлот 102:135
Њу Орлеанс – Чикаго 124:128
Орландо – Атланта 112:115
Далас – Оклахома 87:78
Портланд – Голден стејт 108:106
Сакраменто – ЛА Лејкерс 123:120

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни