НБА Топ 10: Грифин доби „банана“ како никогаш во кариерата, Монк со брутално забивање донесе ерупција во Шарлот (Видео)

grifin-alen

Вториот ден во НБА лигата донесе голем број на мечеви, но и голем број на мајсторски, атрактивни потези и акции. Дел од нив си најдоа свое место на Топ листата која овој пат ја сочинуваат 10 магични моменти.

Одбројувањето го започнува младиот центар на Орландо Меџик, Мо Бамба со својата блокада против Мајами Хит, тука е и мајсторијата на Оладипо од Индијана, а во топ три се Ален од Бруклин кој му залепи страшна „банана“ на Грифин, потоа следи Трир со фантастичното забивање во „Медисон Сквер Гарден“ за да компилацијата ја завршат Батум и Монк со „рампа“ и атракција против Јанис и Милвоки Бакс. Уживајте!!!

Facebook Коментари