НБА Топ 10: Експлозивниот Лавин со забивање го реши Орландо (Видео)

По секој натпреварувачки ден во најсилната кошаркарска лига на светот НБА се прави листа на најдобрите потези на денот, а овој пат чест да биде број еден ја има членот на Чикаго Булс, Зек Лавин кој полека влегува во посакуван ритам по долгата пауза поради повредата.

Зек се покажа како клучен играч во завршницата во пресметката со Орландо Меџик кога во самиот финиш постигна четири поени од кои две беа супер атрактивни по украдена топка и лесно забивања. Оваа мајсторија на Лавин се најде на првото место на Топ 10 одбројувањето. Уживајте!!!

Facebook Коментари