Поврзете се со нас

НБА

НБА шоу: Шек повторно проговори на српски поради Јокиќ, па му подготви оригинален подарок (Видео)

Објавено

на

Foto:x.com/nuggets

Никола Јокиќ испорача четврти трипл-дабл на четвртиот меч во низа кој го одигра во НБА лигата, бројки кои само потврдуваат дека Србинот е убедливо најдоминантен играч во НБА лигата.

Српскиот кошаркар се забавуваше на натпреварот против Филаделфија и издоминира во секој поглед за 30 минути минати на паркетот, но со оглед на МВП изданието кое го имаше, повторно беше топ тема и во програмата на „НБА ТНТ“.

Шекил О’Нил се потруди за нова оригинална конверзација со својот омилен играч во НБА лигата, па покрај тоа што му се обрати на српски, му откри на „Џокер“ дека набрзо ќе добие и оригинален подарок.

– Одлична работа……, – гласеше пораката која Шек му ја пренесе на Јокиќ со помош на „Гугл транслејт“, по што му порепорача дека набрзо треба да очекува пратка од „ДХЛ“ во која му подарува специјален појас.

– Како претседател на „Биг Мен“ алијансата, сај направив појас за тебе и ќе ти го пратам преку „ДХЛ“. Ова е за тебе брате, бидејќи ти си голем шампион. Ти си убедливо најдобар центар во лигата и навистина те сакам и те почитувам. Кажи им на твоите браќа дека ги поздравувам, овој појас е за тебе, – му порача Шек.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни