Поврзете се со нас

НБА

НБА потврди голема судиска грешка пред тројката за победа на Рендл против Феникс (Видео)

Објавено

на

foto: x.com/NBAFRANCE

Џулиус Рендл ги израдува фановите на Минесота со тројка за победа на дуелот со Феникс, но НБА во своите редовни анализи за последните две минути од натпреварите утврдила дека тие поени не требало да влезат во записникот.

Минесота имаше напад при резултат 127:127 и Ренлд доби можност да шутира за победа, го направи тоа успешно и донесе голема радост за домашните фанови, но очигледно од „нелегална“ позиција.

Претходно, фановите и медиумите се сомневаа дека Рендл можеби направил офанзивен прекршок со оттурнување на Окоги, но одговорните во НБА сметаат дека судиите не погрешиле во таа ситуација.

Сепак, грешката е направена претходно, бидејќи ѕвездата на Минесота направиле чекори при преземањето на топката и пред да го испрати шутот за победа. Признанието на одговорните нема да му значи многу на Феникс, кој со коректна судиска одлука ќе имаше барем продолжение на тој меч.

Информацијата доаѓа само еден ден откако стана јасно дека и Џејсон Тејтум постигна тројка за победа со направени чекори на дуелот меѓу Бостон и Торонто.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни