Поврзете се со нас

Македонија

НБА натпревар во македонски услови: Несопирливиот Гостивар го победи Пелистер во Битола

Објавено

на

Тимот кој во првите осум рунди не знаеше за пораз и забележа осум победи, набрзина забележа два порази во последните три кола, откако вечерва и на домашен терен беше поразен од страна на Гостивар.Пелистер беше беспрекорен и стопроцентен во првите осум кола, но по поразот од ТФТ, сега го забележа и првиот неуспех на домашен терен и тоа во натпревар кој се играше во НБА услови за наши стандарди.

226 постигнати поени на еден натпревар обично се одлика за НБА пресметки, но вечерва тоа го видовме и во салата „Боро Чурлевски“ во Битола каде разиграниот Гостивар продолжи да „меле“ во 2021-ва година. Гостиварци стигнаа и до четвртата последователна победа од стартот на новата година, и тоа на најтешкиот терен оваа натпреварувачка сезона, кај тимот на Пелистер кој одново падна на колена поради ужасната третата четвртина во која гостите направија разлика која се покажа како недостижна.

Гостивар го доби третиот период со високи 37:20 и направи клучна предност од 13 поени разлика, што до крајот знаеше како да ја одржува и да победи во ефикасната пресметка со 111:115.

Димчевски со 35 поени беше несопирлив и убедливо најдобар поединец во Гостивар, а воопшто и на теренот, а 20 поени од редовите на гостинскиот тим уфрли Вокер. Во домашниот состав кој денеска беше поразен, Трајковски и Малешевиќ го завршија натпреварот со по 21 поен.

И покрај поразот, Пелистер останува прв на табелата со 20 поени, но Гостивар кој има и натпревар помалку сега е втор со 17. На останатите два меча денеска во Првата лига, Еуро Никел славеше на гостувањето кај Црн Дрим со 72:79, додека Кожув на домашен терен го надигра вториот тим на МЗТ со 100:79.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни