НБА лудорија каква што не е видена: Двајца играчи на Филаделфија изведоа заедничко забивање за паметење (Видео)

embid-1

Филаделфија успеа да оствари убедлива победа на домашен терен од 100:82 над екипата на Њу Орлеанс, дуел кој сепак ќе остане запаметен по една ситуација од првата четвртина кога двајца играчи на „76-ките“ изведоа нешто што не се гледа секој ден на паркетите.

Двоцеот на Филаделфија, Џоел Ембид и Роберт Ковингтон не можеше да остане рамнодушен на цепелин додавањето кое го добија од својот соиграч, па така на крајот во една многу необична сцена, и двајцата ја сместија топката во обрачот и изрежираа таканаречено двојно забивање со кое успеаја да ја изнасмеат публиката во арената.

Facebook Коментари