НБА
НБА лудило: Играчите на Јута славеа продолжение, Јанг ги „поздрави“ со тројка од пола терен (Видео)
Пресметката меѓу Јута и Атланта беше убедливо најнеизвесна во НБА лигата рано утрово, а доказ за тоа се и последните два шута на натпреварот кој заврши во полза на гостите.
Секстон со тројка на три секунди пред крајот израмни на 121:121 и ги израдува сите присутни во салата, но кога многумина сметаа дека тоа носи продолжение од пет минути на возбудливиот меч, следеше мајсторија на Тре Јанг.
Ѕвездата на Атланта ја зема топката во свои раце и без големо размислување биеше од својата половина, но не само што го направи тоа, туку успеа и да погоди на величествен начин.
Јанг ги „поздрави“ џезерите со тројката од половина терен и го реши прашањето околу победникот, потег со кој само ја круниса својата извонредна партија.
Последната тројка му го донесе 24-от поен на Јанг на оваа средба, на која успеа да запише и неверојатни 20 асистенции.
TRAE YOUNG GAME-WINNER FROM HALF-COURT 😱 😱
WHAT AN ENDING IN UTAH 🤯 pic.twitter.com/AbVyAzmvxA
— SportsCenter (@SportsCenter) January 8, 2025
-
Репрезентација17 часа
Лазаров: Момците покажаа дека знаат како се игра и против „досаден“ ривал
-
АТП22 часа
Ѓоковиќ освои луд поен на сет топка и предизвика лудница во Мелбурн (Видео)
-
Светски првенства15 часа
ИХФ го издвои ремек-делото на „Фитиљ“: Чиста моќ на Кузмановски (Видео)
-
АТП21 час
Ѓоковиќ имаше негатива, па го преслуша Алкарас за полуфинале во Мелбурн
-
Светски првенства16 часа
Пајовиќ посочи дека тактиката на Лазаров им направила големи проблеми на Австријците: Чувствувам горчина
-
АТП17 часа
Алкарас не му верува на Ѓоковиќ: Не велам дека правеше шоу со повредата, но…..
-
Светски првенства19 часа
Митревски по ремито со Австрија: Се надевам дека ќе се опоравиме од настинките кои преовладуваат во тимот
-
АТП14 часа
Ѓоковиќ го прекина интервјуто за да ги испрати своите деца на спиење, малата Тара стана вирален хит (Видео)