Поврзете се со нас

НБА

НБА лигата со нова промена за следната сезона: Во историјата замина добро познатата „Спалдинг“ топка

Објавено

на

Од раководството на НБА лигата се решија за една промена која ќе стапи на сила од следната сезона.

Имено, во историјата ќе замине популарната „Спалдинг“ топка која ќе биде заменета со топка на компанијата „Вилсон“.

Договорот на НБА со „Спалдинг“ истекува по крајот на оваа сезона, и како што јавуваат медиумите од САД истиот нема да биде продолжен, а нов производител на топки во најелитната кошаркарска лига во свтот ќе биде „Вилсон“.

„Спалдинг“ произведуваше топки за речиси сите кошаркарски натпреварувања во САД, вклучително и НБА лигата уште од 1983 година.

„Вилсон“ единствено беше производител на топките со кои се играа натпреварите од НЦАА лигата,  а исто така правеше топки и за НБА лигата од 1959 до 1983 година, пред „Спалдинг“ и официјално да  стапи на сцена.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни