Поврзете се со нас

НБА

НБА лигата продолжува во Орландо со нов формат и 22 екипи

Објавено

на

Се прават напори за да продолжи оваа сезона во НБА лигата која е во прекин поради коронавирусот уште од месец март.

Најновиот предлог е кампањата да продолжи со 22 екипи и тоа во Орландо, Флорида каде би се одиграле осум мечеви од регуларниот дел, потоа можен плеј-ин турнир за осмото место и секако плејофот. На најдобрите 16 клубови од Истокот и Западот ќе им се приклучат уште Њу Орлеанс Пеликанс, Портланд Трејлс Блејзерс, Феникс Санс, Сакраменто Кингс, Сан Антонио Спарс и Вашингтон Визардс, односно добиваат шанса сите екипи кои можат да се квалификуваат во плејофот.

Останува да видиме дали овој предлог на комесарот Адам Силвер ќе биде усвоен, ако се биде како што треба од 31 јули ќе се врати најсилната лига на светот.

Последниот датум за завршување на сезоната, односно потенцијалниот седми меч од големото финале ќе биде 12 октомври.

 

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни