Поврзете се со нас

НБА

НБА лигата не простува валкани потези: Јокиќ заработи парична казна поради симулација (Видео)

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/nuggets

Денвер ја прекина својата серија од четири последователни победи на пресметката со Сакраменто, на која шампионот загуби и покрај брилијантната партија на Никола Јокиќ.

Кингси славеа со 123:117 на домашен терен и со тимска игра го неутрализираа учинокот на фантастичниот Србин, кој овојпат не можеше сам да го однесе Денвер до нов триумф.

Јокиќ го заврши мечот со 36 поени, 13 скокови и 14 асистенции, но во финишот имаше и еден дуел поради кој сега заработи казна од НБА лигата.

Американската кошаркарска организација соопшти дека Србинот е казнет со 2 илјади долари, сето тоа како резултат на прекумерната реакција при дуелот со Сабонис.

НБА лигата процени дека Јокиќ симулирал прекршок и дека непотребно се фрлил на земјата, па поради тоа му врачи казна во текот на денот кој беше предвиден за одмор во Америка.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни