Поврзете се со нас

НБА

НБА лигата го одложи дуелот Хјустон-Далас

Објавено

на

НБА лигата објави дека натпреварот меѓу Хјустон и Далас ќе биде одложен, односно нема да биде одигран во предвидениот термин.

Тескашкото дерби беше закажано за ноќта меѓу петок и сабота, но сега е јасно дека овој натпревар ќе се игра во друг термин во продолжение од сезоната.

Причина не е превенција поради позитивен тест на коронавирусот, туку поради одлуката на гувернерот да ја затворат „Тојота“ арената откако е најавено невреме во Хјустон.

Далас не играше и претходната ноќ откако од истите причини беше одложен дуелот со Детроит и својот последен настап го имаше на 15. февруари, додека Хјустон загуби од Филаделфија.

Двете екипи не можат да се пофалат со добри резултати, откако Далас има учинок 13-15, додека Хјустон е уште полошо пласиран со ефект 11-17.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни