НБА лекција: Вестбрук почна да слави пред време, Бјелица го „поздрави“ со неверојатна тројка со звукот на сирената (Видео)

bjelica-westbruk

Немања Бјелица беше речиси непогрешлив на мечот против Далас и беше најзаслужен што Сакраменто оствари голема победа на гостувањето, но во херој се претвори и изминатава вечер откако во последната секунда изрежира мајсторија за паметење.

Српскиот кошаркар погоди неверојатна тројка со звукот на сирената и ги фрли во очај фановите на Хјустон, а особено Расел Вестбрук кој погоди во претходниот напад и кој предвреме почна да слави. Ѕвездата на Рокетси предвреме почна да се радува извикувајќи „game over“ (крај), но само неколку секунди доби животна лекција, откако фантастичниот Србин погоди од речиси невозможна позиција.

Јунакот Бјелица го заврши мечот со 17 поени, Барнс имаше 19, а во победничкиот тим најефикасен беше Хилд со 26 поени. Најефикасен на паркетот беше Вестбрук со 34 поени, но тоа беше мала утеха за него во поразот од 118:119.

НБА резултати:

Индијана – ЛА Клиперс 99:110
Бостон – Кливленд 110:88
Чикаго – Торонто 92:93
Хјустон – Сакраменто 118:119
Милвоки – Орландо 110:101
Њу Орлеанс – Детроит 103:105
Феникс – Минесота 125:109
Јута – Оклахома 90:104
Голден стејт – Мемфис 102:110

Facebook Коментари