Поврзете се со нас

НБА

НБА легенда стана супер атракција во Сплит со мега јахтата која изгледа неверојатно (Фото)

Објавено

на

Стартот на НБА лигата го насочи сиот фокус на кошаркарската спортска јавност кон Америка, но дека актуелните НБА ѕвезди почнаа да играат и да се потат на паркетот во посебни корона услови, една легенда од САД ужива на Јадранот.

Незаборавниот Меџик Џонсон важи за еден од најдобрите играчи кои некогаш се појавиле во НБА лигата, или поточно во кошарката, но очигледно и тој добро е запознаен со убавината на Хрватска.

Популарниот Меџик пристигнал на пристаништето во Сплит и е вистинска атракција во овој град со својата луксузна мега јахта, чија вредност се проценува на неверојатни 150 милиони долари.

Јахтата е долга цели 86 метри и со своето здание значително се издвојува од останатите на пристаништето во Сплит, па стана вистинска атракција и за сите туристи кои ја посетија Хрватска.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни