НБА
НБА ќе ги разделува екипите на теренот со обезбедување

Раководството на НБА лигата денеска ги информирало сите екипи дека тимовите за обезбедување ќе бидат поригорозни при разделувањето на кошаркарите на двете екипи во моментите пред средбите, на полувреме и по нивното завршување.
Клубовите веќе имаа препораки според кои кошаркарите треба да избегнуваат непотребен контакт за да се заштитат од ширење на коронавирусот, но ковид-19 постојано и прави проблеми на лигата, која веќе одложи 16 натпревари според својот протокол.
Играчите наспроти препораките, се поздравуваа и разговараа со своите противници во паузите, па затоа тимот обезбедување во секоја сала ќе стои на средината на теренот, за да спречи комуникација која не е направена на одредена дистанца.
Првите луѓе на лигата се убедени дека непотребната комуникација пред се по завршувањето на средбите има негативен ефект и мора да биде спречена.
Последниот одложен натпревар е тој меѓу Мемфис и Портланд, откако се истражува контакт со заразен на вирусот во редовите на Мемфис.

- Италијапред 22 часа
Елмас повторно се поврзува со заминување од Наполи, европски гигант нуди 20 милиони евра за неговите услуги
- Англијапред 21 час
Лани бараа 70 милиони фунти, годинава ќе го пуштат за многу помалку: Вулверхемптон се ослободува од Траоре
- Шпанијапред 19 часа
Угледната „Марка“ јавува дека Реал доставил краен ултиматум до Серхио Рамос
- Шпанијапред 22 часа
Силесен правеше чуда на „Месталја“, Валенсија се избори за херојски пресврт во дербито (Видео)
- Светски првенствапред 18 часа
Шпекулациите стануваат реалност, Златан Ибрахимовиќ по долг период се враќа во репрезентативниот дрес
- Шпанијапред 20 часа
Куман проговори за својата иднина и дали ќе остане тренер на Барселона: Новиот претседател ќе донесе одлука
- Англијапред 18 часа
Артета со сериозен интерес за фудбалерот кој подолго време е следен од Манчестер Јунајтед
- Шпанијапред 17 часа
Зидан го означи големото дерби против Атлетико како „финале“ и нагласи: Добро е што ќе сметаме на специјален играч