Поврзете се со нас

НБА

НБА ќе ги додели признанијата за најдобрите во сезоната на база на средбите пред прекинот на лигата

Објавено

на

Кошаркарите во НБА лигата се подготвуваат за рестартот во Орландо, но завршницата на регуларниот дел нема да има влијание врз одредувањето на индивидиуалните признанија.

НБА ги информирала играчите дека признанијата во повеќе категории ќе бидат доделени според ефектот на кошаркарите на досега одиграните средби, односно предвид нема да бидат земени настапите во продолжението од сезоната.

Вообичаено, ефектот ќе биде вметнат во статистиката на секој кошаркар, но носителите на признанијата ќе бидат избрани според постигнувањата до 11 март.

– Одлуката да ги исклучиме следните натпревари при изборот на најдобрите обезбедува фер процес во кој за признанијата ќе конкурираат сите членови на 30 НБА екипи, – стои во соопштението на лигата, кое го акцентира фактот што во продолжението од сезоната ќе учествуваат 22 екипи.

Најпрестижната награда, МВП на сезоната веројатно ќе биде доделена на еден од групата играчи во која се Јанис Адетокумпо, Џејмс Харден, ЛеБрон Џејмс и Лука Дончиќ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни