Поврзете се со нас

НБА

НБА историја: Јокиќ ги помести границите и го доби најбогатиот договор на сите времиња! (Фото)

Објавено

на

Никола Јокиќ продолжува да ги поместува границите во НБА лигата, бидејќи како кошаркар од Европа, може да се пофали дека го добил најголемиот договор во историјата на американската кошарка.

Центарот кој освои две последователни МВП признанија се обврза на петгодишна верност со Денвер и беше вклуче „сумермакс“ договорот, кој всушност е најголемиот договор на сите времиња во НБА лигата.

Нагетси решија воопшто да не штедат за српскиот виртуоз со кошаркарската топка и богато го наградија најдобриот играч во лигата во последните две години, бидејќи новиот договор вреди неверојатни 264 милиони долари.

Ваква сума не се памети во НБА историјата и ова е најголемиот договор кој го склучил еден играч, што доволно говори какво влијание има Никола и каква мегаѕвезда стана во период од само неколку години.

Покрај објавата за историскиот договор на Дончиќ, позитивни вести за фановите на Денвер се и оние за Диандре Џордан кој во новата сезона ќе игра во Колорадо.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни