Поврзете се со нас

НБА

НБА го одложи мечот меѓу Јута и Вориорс поради Милојевиќ

Објавено

на

foto:twitter.com/wojespn

Српскиот кошаркарски стратег, Дејан Милојевиќ кој е дел од стручниот штаб на Голден Стејт Вориорс се случи со голема непријатно за време на тимската вечера во Солт Лејк Сити каде доживеал срцев удар и веднаш морал да биде пренесен во болница каде му била извршена и операција.

Шок од Солт Лејк Сити: Милојевиќ доживеал срцев удар и итно бил пренесен во болница (Фото)

Каква е здравствената состојба на Милојевиќ засега не е познато, но НБА лигата одлучи да го одложи мечот кој требаше да се одигра рано утрово во Солт Лејк Сити меѓу домашната Јута Џез и „воините“ од „Сан Франциско“.

Претходно се огласија и од таборот на Голден Стејт каде преку социјалните мрежи порачаа:

-Асистентот во Голден Стејт Вориорс, Дејан Милојевиќ синоќа е хоспитализиран во Солт Лејк Сити, Јута, откако доживеал итна медицинска интервенција на приватната вечера на тимот. Информации за статусот на Милојевиќ ќе бидат доставени подоцна, -порача од Вориорс.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни