Поврзете се со нас

НБА

НБА фановите на брутален начин ја тролаат првата ѕвезда на Бостон за учинокот во финалето на Истокот (Фото)

Објавено

на

blank

Џејсон Тејтум е една од најважните алки во офанзивниот дел на Бостон Селтикс, а главната ѕвезда на „зелените“ синоќа комплетно потрфли во мечот од финалната серија на Истокот по кој Мајами поведе со 3:1.

Иако имаше блескаво второ полувреме и на крајот беше најдобар поентер во својот тим со 28 поени, не може да се заборави неговото ужасно прво полувреме, во кое постигна поени како бројката на неговиот дрес (0).

Тејтум не реализираше ниту еден од своите шест шута во првите две четвртини и за првпат оваа сезона заврши полувреме без постигнат поен, учинок за кој и самиот вели дека е неприфатлив во толку важен меч.

НБА фановите беа брутални на социјалните мрежи и не задоцнија со провокативните мемиња, но и самиот Тејтум беше самокритичен по поразот од 112:109.

– Тоа што ми се случи е неприфатливо. Знам дека морав да бидам подобар, а тоа пробав да го направам во следните две четвртини.

– Немам објаснување за тоа во првото полувреме, би сакал да имам. Знаеме кој е влогот во овие мечеви, на следните натпревари мораме да победиме, инаку си одиме дома. Преземам одговорност, не бев на ниво во првото полувреме, – изјави Тејтум.

Реклама
Реклама
Реклама

Facebook

Популарни