Поврзете се со нас

НБА

НБА ѕвездите предизвикаа инцидент во Париз, Роналдо и Бекам фаќаа сеир со пуканки (Видео)

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/NBA

НБА лигата реализираше уште еден натпревар на европска територија, а пред аудиториумот во салата „Берси“ во Париз својот лигашки дуел го одиграа Кливленд и Бруклин.

Кливленд победи на оваа средба на која присуствуваа и многу ВИП личности, вклучувајќи ги Роналдо и Дејвид Бекам, но истата беше одбележена и со голем инцидент во последниот период.

НБА ѕвездите се посрамотија со физичка пресметка која започна по провокативното забивање на Клекстон преку Томпсон, по што вториот го турна противникот, а на теренот влетаа играчите на двете екипи и предизвикаа хаос пред изненадените фанови во француската престолнина.

Ситуацијата се смири брзо, а во позадина може да се забележи дека Роналдо и Бекам мирно следеа што се случува делејќи си едно пакување пуканки.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни