Поврзете се со нас

НБА

НБА ѕвезда се пофали дека прави свадба, фановите го тролаа за „партнерката“

Објавено

на

Кошаркарот на Филаделфија, Тобијас Херис викендов стапува во брак со својата долгогодишна партнерк, а свадбата ја потврди самиот преку Твитер.

Херис твитна дека „ќе се жени со најдобриот пријател“, а ваквата двосмислена конструкција активираше сеир меѓу НБА фановите.

Јасно е дека Херис мислел на својата животна сопатничка, но фановите го тролаа поради големото пријателство со соиграчот Боби Марјановиќ, честитајќи му го бракот со српскиот центар.

Херис и Марјановиќ се блиски пријатели бидејќи играа заедно во неколку НБА екипи, а тролањето за „нивниот брак“ отиде предалеку, па и славеникот мораше да дообјаснува.

– Само да разјаснам, не стапувам во брак со Бобан Марјановиќ, – твитна подоцна расположениот за шега Херис.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни