Поврзете се со нас

НБА

НБА ѕвезда предизвикала сообраќајна незгода, жртвата е во критична состојба

Објавено

на

Foto:instagram.com/haywoodjr24

Мајами рано утрово го победи Сан Антонио и ја оправда фаворитската улога, но домашниот тим не можеше да смета на Хејвуд Хајсмит кој поради лични причини мораше да прави пауза.

Ѕвездата на „жешките“ за жал била дел од непријата сообраќајна несреќа во вторникот вечерта, откако со својот автомобил удрил во младо момче кое помагало на друг учесник во сообраќајот.

Како што јавуваат американските медиуми, Хајсмит нема никаква посериозна повреда од инцидентот и минал без последици, но лоша вест е што жртвата е во критична состојба, а на момчето му бил ампутиран и дел од ногата.

Пред самиот натпревар со Сан Антонио, со кратко соопштение се јави и Мајами, кој потврди дека членот на првиот тим учествувал во сообраќајната незгода.

– Хајсмит учествувал во сообраќајна несреќа на пат кон дома по натпреварот кој го игравме во вторникот. Поради ситуацијата тој нема да биде на листата играчи за мечот против Сан Антонио од лични причини. Со мислите сме со повредните во несреќата, – објавија „жешките“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни