Поврзете се со нас

НБА

НБА драфтот донесе големо изненадување: Американец со италијански пасош го потисна главниот фаворит (Фото)

Објавено

на

НБА драфтот за 2022-ра година донесе големо изненадување, бидејќи оној што се претпоставуваше дека ќе биде прв пик, се претвори во трет, а сосема неочекувано, во прв избор се претвори Американецот со италијански пасош.

Орландо Меџик ги изненади присутните и го избра Паоло Банкеро како свој прв избор, а не Џабари Смит кој според прогнозите беше апсолутен фаворит да биде првиот пик на годинешниот драфт.

– Не сфатив дека ќе бидам избран од Орландо на 20 секунди пред комесарот да излезе на сцената и да почне да зборува. Немав ниту време да размислам што да кажам и што да мислам, едноставно ова се случи. Не можам да верувам, но подготвен сум, верувајте дека сум подготвен, – изјави Банкеро.

Деветнаесетгодишниот Паоло доаѓа во најсилната лига во Амеирка од Универзитетото Дјук, а со своите 208 сантиметри минатата сезона имал просек од 17,2 поени, 7,8 скока и 3,2 асистенции.

Вториот пик беше на Оклахома и тандерси го избраа Чет Холмгрен од Гонзага, додека фаворитот за прв пик заврши како трет избор и Џабари Смит беше селектиран од Хјустон Рокетс.

Во топ 10 на НБА драфтот се најдоа уште Киган Мари (Сакраменто), Џејдев Ајви (Детроит) Бенедикт Матурин (Индијана), Шејдон Шарп (Портланд), Дајсон Денијелс (Њу Орлеанс), Џереми Сочан (Сан Антонио) и Џони Дејвис (Вашингтон).

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни