Поврзете се со нас

НБА

НБА драфт: Француска доминација на врвот, Оклахома го избра талентираниот Топиќ (ВИДЕО)

Објавено

на

foto: x.com/NBAFRANCE

Комплетирана е првата рунда на НБА драфтот за 2024 година, рунда која дефинитивно е одбележана со изборот на француски играчи.

Дури тројца играчи од Франција се најдоа меѓу најдобрите шест, па така Атланта Хокс која ја имаше можност прва да бира го зема Закари Ризаше.

Ризаше настапуваше за Бург, веќе има искуство на сениорско ниво и дефинитивно е играч кој со многу работа може да експлодира, а и еден ден да биде заштитно лице на „јастребите“.

И вториот пик на драфтот исто е Французин, Алекс Сар кој беше селектиран од Вашингтон Визардс. Од земјата на „галските петли“ доаѓа и шестиот на листата, Тиџан Салаун (Шарлот Хорнетс).

Кога се во прашање балканските играчи, талентираниот Никола Топиќ беше избран од Оклахома Сити Тандер и тоа како 12 пик.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни