НБА донесе нова одлука во чест на Коби: Наградата за најкорисен играч на Ол- Стар натпреварот ќе го носи неговото име

silver

Од НБА му оддадоа уште една почит на прерано починатиот Коби Брајант кој го загуби животот во хеликоптерска несреќа на 26. јануари.

Еден од челните лица на лигата, Адам Силвер на специјална прес конференција потврди дека наградата која се доделува на најкорисниот играч на егзибициониот натпревар ќе го носи името на Коби Брајант.

Претходно беше донесена одлука на вечерашните натпревари играчите да настапат со броевите 24 и 2 кои беа зашитен знак на Коби Брајант и неговата ќерка Џана која исто така го загуби животот во хеликоптерската несреќа.

Facebook Коментари