Поврзете се со нас

НБА

НБА доминација: Откриена платата на најскапата маскота во американската елита (Фото)

Објавено

на

НБА лигата носи гарантирано богатство на најголемите ѕвезди во американската кошарка, но дефинитивно не можат да се пожалат ниту најслабо платените играчи во елитата.

За сезоната 2021/22 платите на играчите кои добиваа најмалку се движеа од 900 илјади долари до 2,6 милиони долари годишно, но на оваа интересна статистика, сега се придодаде и најскапо платената маскота во НБА лигата.

Американските медиуми откриваат дека маскотата на Денвер Нагетс е убедливо најдобро платена во НБА лигата, бидејќи за забавата која ја нуди на теренот и трибините, добива дури десет пати повеќе од своите колеги.

Маскотата „Роки“ минатата година добила 625 илјади долари, што е само 300 илјади долари помалку од најмалку платениот играч во НБА лигата.

Само за споредба, останатите маскоти на НБА франшизите имаат просечна годишна плата од 60 илјади долари.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни