Поврзете се со нас

НБА

НБА дојавите заминуваат во историјата: Најпознатиот инсајдер објави вест која ја шокираше Америка (Фото)

Објавено

на

Во период од годината кога полека се влегува во завршни подготовки за новата НБА сезона, американските кошаркарски фанови останаа шокирани од веста која се пренесе рано утрово, пред се поради фактот што станува збор за човек кој ја промени историја во последните неколку децении.

Искусниот Адријан Војнаровски цели 37 години известуваше за НБА лигата и беше спортски новинар на „ЕСПН“, но најпознат и најпопуларен беше како НБА инсајдер кој никогаш не грешеше за драфтовите и трејдовите на големите ѕвезди.

Војнаровски секогаш имаше информација пред другите и излегуваше со ексклузиви уште пред објавите на самите НБА франшизи, но оваа практика повеќе нема да ја гледаме во иднина, бидејќи Адријан решил да ја промени професијата и да замине во новинарска пензија.

После 37 години како новинар за угледниот „ЕСПН“, Војнаровски отсега ќе биде генерален менаџер во колеџот Сент Бонавентура кој се натпреварува во НЦАА лигата.

– Пораснав како си на работник во фабрика која беше на две милји од центарот на ЕСПН и сонував дека еден ден ќе пишувам за спортот. Пред 37 години, Хартфорд Курант ми ја даде првата шанса и оттогаш не престанав да го бркам големото возбудување.

– Овој занает ми го промени животот, но одлучив да се пензионирам од ЕСПН и од новинарската индустрија. Знам колку треба да бидам посветен во тоа и повеќе немам желба да го правам истото. Времето не е бесконечно и сакам останатиот дел од животот да го мина правејќи работи кои за мене имаат поголемо значење.

– Си заминувам со благодарност до бројни ментори и колеги, им благодарам на сите кои учевствуваа во моите приказни, на читателите и гледачите. Му благодарам на ЕСПН што има разбирање за мојата одлука. После толку години известување за други тимови, време е јас да му се вратам на својот тим, – порачува Војнаровски.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни